Тридневна временска прогноза (23.12.2021)

Тридневна временска прогноза (23.12.2021)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 23 – 25 декември 2021 година

Четврток 23.12.2021: Сончево и студено со мала локална облачност и со слаб ветер од променлив правец. Минималните температури ќе бидат многу ниски и ќе се спуштаат во интервалот од -12 до -3 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 6 степени.

Петок 24.12.2021: Сончево со мала локална облачност, малку поголема во западните предели. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Температурите ќе бидат малку повисоки за разлика од изминатите неколку денови и минималните ќе се спуштаат во интервалот од -8 до -3 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 8 степени.

Сабота 25.12.2021: Умерено, локално и значително облачно и потопло. Особено во западните предели ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Температурите ќе бидат нешто повисоки за разлика од изминатите денови и тоа поради јужното воздушно струење. Минималните ќе се спуштаат во интервалот од -6 до 0 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 10 степени.