Тридневна временска прогноза (03.02.2022)

Тридневна временска прогноза (03.02.2022)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 03 – 05 јануари 2022 година

Четврток 03.02.2022: Променливо облачно и СТУДЕНО со сончеви периоди и со засилен ветер од северен правец. Локално ќе има услови за провејување на снег. Минималните температури речиси насекаде ќе бидат негативни и ќе се спуштаат во интервалот од -10 до 0 степени, додека на крајниот југоисток истите се очекува да останат позитивни. Максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 10 степени.

Петок 04.02.2022: Сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од јужен и од југозападен правец. Наутро ќе биде МНОГУ СТУДЕНО и минималните температури насекаде ќе се спуштаат под нулата, односно истите ќе се спуштаат во интервалот од -11 до -1 степени. Максималните дневни пак ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 10 степени.

Сабота 05.02.2022:  Сончево и потопло преку ден со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северен и од северозападен правец. Наутро ќе биде студено и минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -6 до -1 степен, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 13 степени.