Тридневна временска прогноза (29.04.2021)

Тридневна временска прогноза (29.04.2021)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 29 април  – 01 мај 2021 година

Четврток 29.04.2021: Сончево и топло со мала до умерена, во текот на денот локално и позначителна облачност. Попладне ќе има услови за ретка појава на локален краткотраен дожд . Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и од југозападен правец, кој особено на западот повремено ќе засилува. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 6 до 11 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 27 степени.

Петок 30.04.2021: Сончево и значително потопло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен ветер претежно од југозападен правец кој повремено на некои места ќе засилува. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 7 до 13 степени, максималните ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 30 степени.

 

Сабота 01.05.2021: Умерено, на места значително облачност, додека во вечерните часови и во текот на ноќта кон недела ќе има услови за слаб локален дожд. Во текот на денот ќе дува умерен, а особено во западните предели повремено засилен ветер од јужен и од југозападен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 10 до 15 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 30 степени, во најтоплите предели истите има услови да се искачат и над 30 степени.