Тридневна временска прогноза (09.11.2021)

Тридневна временска прогноза (09.11.2021)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 9 – 11 ноември 2021 година

Вторник 09.11.2021: Променливо облачно со сончеви периоди и со услови за повремен локален слаб дожд. Попладне ќе започне да дува умерен, Долж Повардарието засилен ветер од северен правец, со што и температурите ќе започнат да опаѓаат. Сепак истите и понатаму ќе бидат натпросечни за овој период од годината, и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 7 до 14 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 23 степени.

Среда 10.11.2021: Променливо облачно и ПОСТУДЕНО со услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, и истиот повремено на некои места ќе засилува на интензитет. Температурите ќе бидат ЗНАЧИТЕЛНО ПОНИСКИ за разлика од изминатите денови и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 3 до 10 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 17 степени во најтоплите предели од државава.

Четврток 11.11.2021: Претежно облачно и свежо. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен и од југоисточен правец. Температурите ќе бидат значително пониски за разлика од изминатите денови и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 0 до 8 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 17 степени.