Тридневна временска прогноза (20.05.2022)

Тридневна временска прогноза (20.05.2022)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 20 – 22 мај 2022 година

Петок 20.05.2022: Сончево и повторно МНОГУ ТОПЛО преку ден. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен и од североисточен правец. Сепак наутро ќе биде СВЕЖО и минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 3 до 9 степени, додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 30 степени.

Сабота 21.05.2022: Сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималните температури сеуште ќе бидат нешто пониски и ќе се спуштаат во интервалот од 4 до 10 степени, додека максималните дневни ќе бележат тенденција на понатамошен пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 34 степени.

Недела 22.05.2022: Сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Ветерот особено Долж Повардарието ќе засилува на интензитет. Во попладневните и во вечерните часови локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималните температури ќе бидат значително повисоки и ќе се спуштаат во интервалот од 9 до 16 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 35 степени.