Тридневна временска прогноза (11.12.2021)

Тридневна временска прогноза (11.12.2021)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 11 – 13 декември 2021 година

Сабота 11.12.2021: Облачно со врнежи од дожд и снег на повисоките места и на планините, каде снежната покривка позначително ќе се зголеми. Локално врнежите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ (над 20 л/м2). Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец, најизразен во источните предели. Температурите ќе бидат пониски за разлика од изминатите неколку денови, и минималните ќе се спуштаат во интервалот од -2 до 5 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 10 степени.

Недела 12.12.2021: Променливо облачно со услови за повремен локален дожд и снег на пониските, и снег на повисоките места и на планините. Особено Долж Повардарието ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Температурите ќе бидат уште пониски и тоа поради продор на постудена воздушна маса од север и минималните ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 4 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 9 степени.

Понеделник 13.12.2021: Променливо облачно и релативно студено со сончеви периоди. Во планинските региони локално ќе има услови за провејување на слаб снег. Особено Долж Повардарието ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. Температурите остануваат релативно ниски, и тоа под влијание на студената воздушна маса од север. Минималните ќе се спуштаат во интервалот од -6 до 2 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 9 степени.