Тридневна временска прогноза (27.04.2021)

Тридневна временска прогноза (27.04.2021)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 27 – 29 април 2021 година

Вторник 27.04.2021: Умерено облачно. Локално ќе има и позначителна облачност со услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 5 до 10, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 22 степени.

Среда 28.04.2021: Променливо облачно со сончеви периоди и топло. Попладне ќе има услови за локален краткотраен пороен дожд и појава на грмежи, а ќе дува и слаб до умерен, во западните предели повремено засилен ветер од јужен и од југозападен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 5 до 10 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 24 степени.

 

Четврток 29.04.2021: Сончево и топло со мала до умерена, во текот на денот локално и позначителна облачност. Попладне ќе има услови за локален краткотраен дожд и ретки грмежи, особено во источните предели. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и од југозападен правец, кој особено на западот повремено ќе засилува. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 6 до 11 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 27 степени.