Тридневна временска прогноза (25.02.2022)

Тридневна временска прогноза (25.02.2022)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 25 – 27 февруари 2022 година

Петок 25.02.2022: Сончево со мала локална облачност и со слаб ветер од променлив правец. Наутро сепак ќе биде релативно студено и минималните температури речиси насекаде ќе се спуштаат под нулата, односно истите ќе се спуштаат во интервалот од -6 до 0 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 15 степени.

Сабота 26.02.2022: Сончево со мала до умерена облачност, додека доцна попладне и навечер облачноста ќе се зголемува и во вечерните часови, како и во текот на ноќта од запад ќе започнуваат врнежи од дожд и снег на пониските и снег на повисоките места и на планините. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец. Минималните температури на повеќе места ќе се спуштаат под нулата, односно истите ќе се спуштаат во интервалот од -4 до 2 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 15 степени.

Недела 27.02.2022: Облачно и СТУДЕНО со повремени врнежи од дожд на ниските и од снег на повисоките места и на планините. Повремено услови за врнежи од дожд и од снег, или од влажен снег ќе има и на некои пониски места. Особено на повисоките места ќе се формира нова снежна покривка, а на планините истата ќе се зголемува. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер претежно од североисточен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 4 степени, додека максималните дневни ќе бидат ЗНАЧИТЕЛНО ПОНИСКИ за разлика од изминатите денови и ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 8 степени.