Тридневна временска прогноза (13.10.2021)

Тридневна временска прогноза (13.10.2021)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 13  – 15 октомври 2021 година

Среда 13.10.2021: Променливо облачно и СВЕЖО. Особено Долж Повардарието ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од северозападен правец и истиот повремено ќе засилува на интензитет. Попладне и навечер ќе започнат нови врнежи од дожд, на планините од снег. Температурите остануваат потпросечни за овој период од годината и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 1 до 9 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 17 степени.

Четврток 14.10.2021:  Облачно и НЕВООБИЧАЕНО СТУДЕНО со ПОИНТЕНЗИВНИ врнежи од дожд, додека на планините и на повисоките места ќе има врнежи од снег каде ќе се формира снежна покривка. Понекаде снежната граница има услови да се спушти и под 1000 м.н.в.  Ќе дува умерен, особено Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. Температурите ќе бидат ЗНАЧИТЕЛНО ПОТПРОСЕЧНИ за овој период од годината и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 2 до 8 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 10 степени.

Петок 15.10.2021: Облачно и понатаму НЕВООБИЧАЕНО СТУДЕНО со врнежи од дожд, додека на планините врнежите ќе бидат од СНЕГ. Ќе дува умерен ветер од северен и од северозападен правец и истиот особено Долж Повардарието повремено ќе засилува на интензитет. Температурите остануваат да бидат потпросечни за овој период од годината и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 0 до 6 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 11 степени.