Тридневна временска прогноза (08.04.2022)

Тридневна временска прогноза (08.04.2022)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 08 – 10 април 2022 година

Петок 08.04.2022: Сончево и ТОПЛО со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец. Ветерот повремено и тоа особено во западните предели ќе засилува на интензитет. Минималните температури остануваат релативно високи и ќе се спуштаат во интервалот од 3 до 9 степени, додека максималните исто така ќе бележат тенденција на понатамошен пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 25 степени.

Сабота 09.04.2022: Сончево и ТОПЛО со слаб до умерен ветер од југозападен правец. Ветерот особено во западните предели повремено ќе засилува на интензитет. Минималните температури остануваат релативно високи и ќе се спуштаат во интервалот од 4 до 9 степени. Високи ќе бидат и максималните дневни температури кој ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 26 степени.

Недела 10.04.2022: Под влијание на влажен и постуден воздушен бран од северозапад, времето ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, додека на планините врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Локално ќе има услови за нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи. Ќе започне да дува засилен ветер од северозападен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 5 до 11 степени, што значи дека истите ќе бидат релативно високи. Максималните пак ќе бележат тенденција на ПОЗНАЧИТЕЛНО ОПАЃАЊЕ и ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 19 степени.