Тридневна временска прогноза (21.09.2021)

Тридневна временска прогноза (21.09.2021)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 21 – 23 септември 2021 година

Вторник 21.09.2021: Променливо облачно со сончеви периоди и со услови за ретка појава на краткотраен дожд. Особено Долж Повардарието ќе дува умерен ветер од северен и од северозападен правец, и истиот повремено ќе засилува на интензитет. Температурите ќе бидат нешто пониски за разлика од изминатите денови, и тоа поради продор на посвежа воздушна маса од север. Минималните ќе се спуштаат во интервалот од 8 до 17 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 30 степени. УВ ИНДЕКСОТ ќе има умерено висока вредност (коефициент 5).

Среда 22.09.2021: Променливо облачно со сончеви периоди и со умерен, особено Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. Попладне и во вечерните часови ќе има услови за повремени локални врнежи од дожд. Поради спуштање на значително постуден воздух од север, на највисоките планински врвови не се исклучува можноста и за провејување на снег. Температурите ќе бидат уште пониски и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 6 до 15 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 28 степени, кон крајот на денот значително ќе започнат да опаѓаат. УВ ИНДЕКСОТ ќе има умерено висока вредност (коефициент 5).

Четврток 23.09.2021: Сончево и СВЕЖО со умерена локална облачност и со умерен, Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Наутро ќе биде и СТУДЕНО со минимални температури кој ќе се спуштаат во интервалот од 0 до 11 степени. Максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 24 степени. УВ ИНДЕКСОТ ќе има умерено висока вредност (коефициент 6).