Тридневна временска прогноза (03.05.2022)

Тридневна временска прогноза (03.05.2022)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 3 – 5 мај 2022 година

Вторник 03.05.2022: Променливо облачно и СВЕЖО со повремени локални врнежи од дожд. Во попладневните часови ќе има услови и за ретка појава на грмежи. Ќе дува слаб ветер претежно од северен правец. Минималните температури нема многу да се менуваат и ќе се спуштаат во интервалот од 5 до 10 степени, додека максималните ќе бидат нешто пониски за разлика од оние кои ги имавме изминатите денови и ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 18 степени.

Среда 04.05.2022: Сончево со умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Во попладневните часови, особено во планинските предели ќе има услови за локален краткотраен дожд и ретки грмежи. Минималните температури ќе бидат ПОНИСКИ за разлика од изминатите утрини, и ќе се спуштаат во интервалот од 2 до 8 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 22 степени, што значи дека ќе започнат да се покачуваат.

Четврток 05.05.2022: Претпладне сончево со мала локална облачност, додека попладне локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималните температури ќе бидат за некој степен пониски и ќе се спуштаат во интервалот од 4 до 9 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 24 степени.