Тридневна временска прогноза (30.03.2022)

Тридневна временска прогноза (30.03.2022)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 30  март – 01 април 2022 година

Среда 30.03.2022: Сончево со умерена, повремено и локално и позначително облачно со слаб до умерен ветер од јужен и од југозападен правец. Ветерот повремено на некои места ќе засилува на интензитет. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 1 до 7 степени, додека максималните ќе бидат повторно повисоки и ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 21 степен.

Четврток 31.03.2022: Под влијание на циклонска активност, и на влажен воздушен бран од запад, времето ќе биде претежно облачно, на повеќе места со повремени врнежи од дожд. Поинтензивни врнежите ќе бидат во западните предели. Ќе дува засилен ветер од јужен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 4 до 11, што значи дека истите ќе бидат значително повисоки, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 21 степен.

Петок 01.04.2022: Под влијание на циклонска активност и понатаму времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд и истите локално ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ. Во попладневните часови локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, силен ветер и услови за локална појава на град. Ќе дува засилен до СИЛЕН ветер од јужен и од југозападен правец. Температурите ќе бидат пролетно високи и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 5 до 10 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 22 степени.