Тридневна временска прогноза (23.10.2021)

Тридневна временска прогноза (23.10.2021)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 23  – 25 октомври 2021 година

Сабота 23.10.2021: Променливо облачно. Попладне со повремен локален дожд и со слаб до умерен ветер од југозападен правец, особено изразен во западните предели.  Температурите и понатаму остануваат релативно високи, и тоа поради влијанието на топлата воздушна маса од југ. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 6 до 11 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 23 степени.

Недела 24.10.2021: Променливо облачно и постудено со услови за повремен локален слаб дожд. Ќе дува умерен, повремено на некои места засилен ветер од северен и од североисточен правец. Температурите ќе бележат тенденција на пад, и тоа поради влијанието на постудената воздушна маса од север. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 4 до 10 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 18 степени.

Понеделник 25.10.2021: Променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од источен и од југоисточен правец. Ветерот Долж Повардарието повремено ќе засилува на интензитет. Температурите на воздухот остануваат нешто пониски, и тоа поради влијанието на постудената воздушна маса од север, а особено постудено ќе биде наутро кога минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -1 до 9 степени, додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 17 степени.