Тридневна временска прогноза (08.09.2021)

Тридневна временска прогноза (08.09.2021)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 8 – 10 септември 2021 година

Среда 08.09.2021 Умерено, локално и позначително облачно, додека кон крајот на денот и навечер, ќе има услови за локален краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Наутро ќе биде свежо со минимални температури кој ќе се спуштаат во интервалот од 6 до 15 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 27 степени. УВ ИНДЕКСОТ ќе има претежно ниска вредност (коефициент 2).

Четврток 09.09.2021: Умерено до значително облачно со услови за локален краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурите ќе бидат за некој степен пониски во споредба со оние од изминатите денови. Минималните ќе се спуштаат во интервалот од 6 до 15 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 25 степени. УВ ИНДЕКСОТ ќе има умерено висока вредност (коефициент 6).

Петок 10.09.2021: Променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурите ќе бележат тенденција на пораст, и тоа поради продор на топол воздух од југ, и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 7 до 17 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 28 степени. УВ ИНДЕКСОТ ќе има умерено висока вредност (коефициент 6).