Тридневна временска прогноза (08.06.2021)

Тридневна временска прогноза (08.06.2021)

Тридневна временска прогноза за Македонија,  8 – 10 јуни 2021 година

Вторник 08.06.2021: Променливо облачно и нестабилно, особено попладне на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови за појава на НЕВРЕМЕ проследено со обилен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и појава на град. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 10 до 16 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 29 степени.

Среда 09.06.2021: Претпладне сончево со мала до умерена облачност. Од пладневните часови на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови за појава на НЕВРЕМЕ проследено со обилен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и појава на град. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 9 до 15 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 30 степени.

Четврток 10.06.2021: Променливо облачно и нестабилно на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови за појава на НЕВРЕМЕ проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 9 до 15 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 30 степени.