Тридневна временска прогноза (11.04.2022)

Тридневна временска прогноза (11.04.2022)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 11 – 14 април 2022 година

Понеделник 11.04.2022: Сончево и посвежо со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а Долж Повардарието и во источните предели засилен ветер од северен и од северозападен правец. Минималните температури ќе бидат пониски за разлика од изминатите утрини и ќе се спуштаат во интервалот од -1 до 7 степени, додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 18 степени.

Вторник 12.04.2022: Сончево и потопло преку ден со слаб до умерен ветер од променлив правец. Наутро ќе биде ДОСТА СТУДЕНО со појава на мраз на повеќе места, па така минималните температури на повеќе места ќе се спуштаат под нулата, односно истите ќе се спуштаат во интервалот од -5 до 3 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 20 степени.

Среда 13.04.2022: Сончево и ПОТОПЛО со мала до умерена облачност, и тоа особено во западните и во југозападните предели. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од северозападен правец. Минималните температури ќе бидат повисоки за разлика од изминатите утрини и истите ќе се спуштаат во интервалот од 0 до 7 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 23 степени.