Тридневна временска прогноза (01.07.2021)

Тридневна временска прогноза (01.07.2021)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 1 – 3 јули 2021 година

Четврток 01.07.2021: Сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има услови за сосема ретка појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен ветер претежно од западен правец и локално истиот повремено ќе засилува. Температурите поради задржување на многу топлата воздушна маса од југ и понатаму ќе останат МНОГУ ВИСОКИ. Минималните ќе се спуштаат во интервалот од 14 до 21 степен, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 33 до 41 степен. УВ ИНДЕКОСТ и понатаму ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност (коефициент помеѓу 10 и 11).

Петок 02.07.2021: Сончево и посвежо со умерена локална облачност. Попладне ќе има услови за ретка појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Особено Долж Повардарието ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Температурите на воздухот ќе бидат за неколку степени пониски. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 13 до 20 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 36 степени. УВ ИНДЕКСОТ и понатаму ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност ( коефициент помеѓу 10 и 11).

Сабота 03.07.2021: Сончево и посвежо со умерена локална облачност. Ќе дува умерен, Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Температурите поради продор на посвежа воздушна маса од север ќе бележат тенденција на пад. Минималните ќе се спуштаат во интервалот од 11 до 21 степен, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 34 степени. УВ ИНДЕКСОТ и покрај посвежото време сепак ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност (коефициент од 10 до 11).