Тридневна временска прогноза (08.11.2021)

Тридневна временска прогноза (08.11.2021)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 8 – 10 ноември 2021 година

Понеделник 08.11.2021: Променливо облачно и натпросечно топло со сончеви периоди. Во ноќните часови ќе има услови за слаб локален дожд во западните предели, а ќе дува и слаб ветер од променлив правец.  Температурите остануваат високи и натпросечни за овој период од годината, и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 6 до 14 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 24 степени.

Вторник 09.11.2021: Променливо облачно со сончеви периоди и со услови за повремен локален дожд. Попладне ќе започне да дува умерен, Долж Повардарието засилен ветер од северен правец, сдо што и температурите ќе започнат да опаѓаат. Сепак истите и понатаму ќе бидат натгпросечни за овој период од годината, и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 7 до 14 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 24 степени.

Среда 10.11.2021: Претежно облачно и ПОСТУДЕНО со повремени локални врнежи од дожд, додека на планините ќе има врнежи од СНЕГ. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец. Температурите ќе бидат ЗНАЧИТЕЛНО ПОНИСКИ за разлика од изминатите денови и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 3 до 10 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 18 степени во најтоплите предели од државава.