Тридневна временска прогноза (14.01.2022)

Тридневна временска прогноза (14.01.2022)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 14 – 16 јануари 2021 година

Петок 14.01.2022: Сончево и СТУДЕНО со умерена облачност и тоа особено во северните и во источните предели. Особено Долж Повардарието ќе дува умерен до засилен ветер од северен и од северозападен правец.  Температурите особено оние максималните ќе бидат малку повисоки, додека наутро и понатаму ќе биде особено студено и минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -15 до -4 степени, максималните ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 9 степени.

Сабота 15.01.2022: Сончево и потопло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, а Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. Температурите ќе бележат тенденција на понатамошен пораст и минималните ќе се спуштаат во интервалот од -6 до 3 степени, додека ,максималните ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 11 степени.

Недела 16.01.2022: Сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Наутро ќе биде студено со минимални температури кој ќе се спуштаат во интервалот од -8 до -1 степен, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 9 степени.