Тридневна временска прогноза (22.05.2021)

Тридневна временска прогноза (22.05.2021)

Тридневна временска прогноза за Македонија,  22 – 24 мај 2021 година

Сабота 22.05.2021: Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 2 до 10 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 28 степени.

Недела 23.05.2021: Сончево и топло со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од западен и од југозападен правец. Ветерот во западните предели повремено ќе засилува. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 5 до 11 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 31 степен.

 

Понеделник 24.05.2021: Сончево и топло со умерена локална облачност и со слаб ветер од променлив правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 9 до 16 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 33 степени.