Тридневна временска прогноза (20.08.2021)

Тридневна временска прогноза (20.08.2021)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 20 – 22 август 2021 година

Петок 20.08.2021: Сончево и топло со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Попладне и навечер ќе има услови за локална нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за ретка појава на град, особено во јужната половина од државава. Температурите нема многу да се менуваат и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 12 до 21 степен, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 35 степени. УВ ИНДЕКСОТ ќе има МНОГУ ВИСОКА вредност (коефициент 7).

Сабота 21.08.2021: Променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер и тоа особено во попладневните и во вечерните часови. Локално ќе има услови за појава на НЕВРЕМЕ, проследено со силен ветер и појава на град. Температурите ќе бидат за некој степен пониски за разлика од изминатите денови и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 11 до 19 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 34 степени. УВ ИНДЕКОСТ ќе има вредност (7).

Недела 22.08.2021: Сончево и топло со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурите ќе бележат тенденција на мал пораст, особено дневните. Минималните ќе се спуштаат во интервалот од 12 до 19 степени, додека во Беровскиот регион истата се очекува да се спушти малку под 10 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 37 степени. УВ ИНДЕКСОТ ќе има МНОГУ ВИСОКА вредност (коефициент 7).