Тридневна временска прогноза (26.04.2021)

Тридневна временска прогноза (26.04.2021)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 26 – 28 април 2021 година

Понеделник 26.04.2021: Сончево и топло со умерена локална облачност, особено попладне и кон крајот на денот кога ќе има услови за слаб локален дожд, особено на северот. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и од југозападен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 1 до 8 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 22 степени.

 Вторник 27.04.2021: Умерено облачно. Локално ќе има и позначителна облачност со услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 5 до 10, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 22 степени.

Среда 28.04.2021: Променливо облачно со сончеви периоди и топло. Попладне ќе има услови за локален краткотраен дожд и ретки грмежи, а ќе дува и слаб до умерен, во западните предели повремено засилен ветер од јужен и од југозападен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 5 до 10 степени, додека максималните ќе сеискачуваат во интервалот од 18 до 24 степени.