Тридневна временска прогноза (14.03.2022)

Тридневна временска прогноза (14.03.2022)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 14 – 16 март 2022 година

 

Понеделник 14.03.2022:  Сончево со мала локална облачност и со слаб ветер од североисточен правец. Минималните температури ќе бидат МНОГУ НИСКИ и насекаде ќе се спуштаат под нулата, односно истите ќе се спуштаат во интервалот од -11 до -4 степени, додека максималните ќе бидат малку повисоки за разлика од изминатите денови и истите ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 11 степени.

Вторник 15.03.2022: Сончево и потопло преку ден со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималните температури сеуште ќе бидат МНОГУ НИСКИ и ќе се спуштаат во интервалот од -10 до -4 степени, додека максималните дневни ќе бележат тенденција на понатамошен пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 13 степени.

Среда 16.03.2022: Сончево и ЗНАЧИТЕЛНО ПОТОПЛО преку ден со умерена облачност. Особено во западните предели ќе дува слаб до умерен ветер од западен и од југозападен правец, и истиот повремено ќе засилува на интензитет. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -6 до -1 степен, што значи дека ќе бидат повисоки за разлика од другите утрини. Значително повисоки ќе бидат и максималните дневни температури кој ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 15 степени.