Тридневна временска прогноза (17.01.2022)

Тридневна временска прогноза (17.01.2022)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 17 – 19 јануари 2021 година

Понеделник 17.01.2022 Сончево со мала, а во западните делови со умерена, повремено и значителна облачност, каде ќе има услови за слаби локални врнежи од дожд на ниските и провејување на снег на повисоките места и на планините. Во текот на ноќта и во северните предели ќе има услови за локално провејување на снег, а на ниските места ќе има услови за локално проврнување на дожд и на снег. Ќе дува слаб до умерен, а Долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.  Наутро температурите и понатаму ќе бидат ниски и ќе се спуштаат во интервалот од -8 до -1 степен, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 12 степени, што значи дека ќе бидат нешто повисоки за разлика од изминатите денови.

Вторник 18.01.2022: Сончево со мала, а во северните предели со умерена облачност, каде особено претпладне ќе има услови за локално провејување на снег. Ќе дува умерен, а Долж Повардарието ЗАСИЛЕН ветер од северен правец.  Температурите ќе бидат малку пониски, особено максималните. Минималните пак ќе се спуштаат во интервалот од -6 до 2 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 10 степени.

Среда 19.01.2022: Сончево а особено Долж Повардарието со слаб до умерен ветер од северен правец. Ветерот повремено ќе засилува на интензитет.  Наутро температурите ќе бидат ниски и истите ќе се спуштаат во интервалот од -9 до -1 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 9 степени.