Тридневна временска прогноза (01.11.2021)

Тридневна временска прогноза (01.11.2021)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 1 – 3 ноември 2021 година

Понеделник 01.11.2021: Сончево и релативно топло со мала локална облачност. Кон крајот на денот од запад облачноста ќе се зголемува, додека во ноќните часови во западните предели ќе има врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и од југоисточен правец. Температурите и понатаму нема многу да се менуваат, додека наутро ќе биде студено со минимални температури кој ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 3 степени, додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 20 степени. 

Вторник 02.11.2021: Под влијание на циклонска активност и на влажен воздушен бран од запад, времето ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд кој до крајот на денот во најголем дел од Македонија ќе престанат. Локално и тоа особено на запад ќе наврнат околу 20 л/м2 воден талог, а ќе дува и умерен до засилен ветер од југоисточен правец.  Температурите ќе бидат нешто пониски за разлика од изминатите денови, особено оние максималните, додека минималните ќе бидат во пораст и ќе се спуштаат во интервалот од 0 до 7 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 16 степени. 

Среда 03.11.2021: Променливо облачно и ПОТОПЛО со слаб до умерен ветер од јужен и од југоисточен правец. Ветерот особено Долж Повардарието ќе засилува на интензитет. Температурите поради јужното воздушно струење, ќе бележат тенденција на пораст, и тоа како минималните, така и максималните дневни температури. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 1 до 10 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 22 степени, и истите ќе бидат НАТПРОСЕЧНИ за овој период од годината.