Тридневна временска прогноза (25.06.2021)

Тридневна временска прогноза (25.06.2021)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 25 – 27 јуни 2021 година

Петок 25.06.2021: Сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала локална облачност. Попладне, особено во источните предели ќе има услови за локална појава на нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локална појава на град. Температурите поради МНОГУ ТОПЛАТА воздушна маса од југ ќе останат и понатаму многу високи и ќе бидат над просекот за овој дел од годината. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 15 до 22 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 33 до 42 степени. УВ ИНДЕКСОТ ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност  (коефициент од 10 до 11).

Сабота 26.06.2021: Сончево и понатаму МНОГУ ТОПЛО.  Ќе дува умерен, повремено и локално засилен ветер од западен и од северозападен правец. Попладне во крајните источни предели ќе има услови за локална појава на нестабилност. Температурите поради задржување на МНОГУ ТОПЛАТА воздушна маса од југ и понатаму ќе останат МНОГУ ВИСОКИ и над просекот за овој дел од годината. Минималните ќе се спуштаат во интервалот од 16 до 24 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 32 до 40 степени. УВ ИНДЕКСОТ ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност  (коефициент од 10 до 11).

Недела 27.06.2021: Сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен и од северозападен правец. Попладне ќе има услови за сосема ретка појава на краткотраен дожд и ретки грмежи.  Температурите и понатаму ќе бидат МНОГУ ВИСОКИ и над просекот за овој дел од годината. Минималните ќе се спуштаат во интервалот од 13 до 21 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 32 до 40 степени. УВ ИНДЕКСОТ ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност  (коефициент од 10 до 11).