Тридневна временска прогноза (26.05.2022)

Тридневна временска прогноза (26.05.2022)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 26 – 28 мај 2022 година

Четврток 26.05.2022: Сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Доцна попладне и навечер локално ќе има услови за нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималните температури ќе бидат уште малку повисоки и ќе се спуштаат во интервалот од 10 до 17 степени, додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 35 степени, додека во централните и во југоисточните предели истите се очекува да надминат дури и 35 степени.

Петок 27.05.2022: Сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Во попладневните и вечерните часови локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, заислен ветер а има услови и за појава на локално КРАТКОТРАЈНО НЕВРЕМЕ. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 11 до 17 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 35 степени. Во најтоплите предели температурите се очекува да надминат дури и 35 степени.

Сабота 28.05.2022: Променливо облачно и МНОГУ ТОПЛО со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер претежно од јужен и од југозападен правец. Попладне и навечер ќе биде нестабилно, со локлана појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови за појава на НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и со појава на град. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 11 до 17 степени, што значи дека истите ќе бидат без промени, а максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени.