Тридневна временска прогноза (18.08.2021)

Тридневна временска прогноза (18.08.2021)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 18 – 20 август 2021 година

Среда 18.08.2021: Сончево и понатаму МНОГУ ТОПЛО со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Попладне ќе има услови за локална  појава на краткотраен пороен дожд ,грмежи, засилен ветер и услови за ретка појава на град.. Температурите ќе бидат само за некој степен пониски за разлика од изминатите денови, но и понатаму сеуште високи, и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 13 до 19 степени. Максималните пак ќе се искачуваат во интервалот од 31 до 38 степени. УВ ИНДЕКОСТ ќе има МНОГУ ВИСОКА вредност (коефициент 8).

Четврток 19.08.2021: Сончево и малку посвежо со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурите ќе бидат за неколку степени пониски и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 10 до 20 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 35 степени. УВ ИНДЕКСОТ ќе има МНОГУ ВИСОКА вредност (коефициент 8).

Петок 20.08.2021: Сончево и топло со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Попладне и навечер ќе има услови за локална нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за ретка појава на град. Температурите нема многу да се менуваат и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 12 до 21 степен, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 35 степени. УВ ИНДЕКСОТ ќе има МНОГУ ВИСОКА вредност (коефициент 7).