Тридневна временска прогноза (22.12.2021)

Тридневна временска прогноза (22.12.2021)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 22 – 24 декември 2021 година

Среда 22.12.2021: Сончево и студено со мала локална облачност. Долж Повардарието ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од северозападен правец.  Минималните температури ќе бидат многу ниски и ќе се спуштаат во интервалот од -11 до -3 степени, додека во западните планински предели истите се очекува да се спуштат и под -10 степени. Максималните дневни температури пак ќе се искачуваат во интервалот од -1 до 7 степени.

 Четврток 23.12.2021: Сончево и студено со мала локална облачност и со слаб ветер од променлив правец. Минималните температури ќе бидат многу ниски и ќе се спуштаат во интервалот од -10 до -3 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 6 степени.

Петок 24.12.2021: Сончево со мала локална облачност, малку поголема во западните предели. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Температурите ќе бидат малку повисоки за разлика од изминатите неколку денови и минималните ќе се спуштаат во интервалот од -8 до -2 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 8 степени.