Тридневна временска прогноза (01.05.2021)

Тридневна временска прогноза (01.05.2021)

Тридневна временска прогноза за Македонија,  01 – 03 мај 2021 година

Сабота 01.05.2021: Умерено, на места значително облачно, додека попладне и во текот на ноќта кон недела ќе има услови за слаб локален дожд. Во текот на денот ќе дува умерен, а особено во западните предели повремено засилен ветер од јужен и од југозападен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 10 до 15 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 30 степени, во најтоплите предели истите има услови да се искачат и над 30 степени.

Недела 02.05.2021: Сончево и многу топло со умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 12 до 17 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 32 степени.

 

Понеделник 03.05.2021: Умерено облачно со сончеви периоди. Локално ќе има и позначителна облачност а ќе дува и слаб до умерен ветер, во западните предели од југозападен, додека Долж Повардарието од северен и од северозападен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 10 до 15 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 29 степени.