Тридневна временска прогноза (07.01.2022)

Тридневна временска прогноза (07.01.2022)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 07 – 09 јануари 2021 година

Петок 07.01.2022: Претежно облачно со слаб до умерен ветер од променлив правец. Особено кон крајот на денот и навечер со повремени локални врнежи од дожд.  На планините ќе има врнежи од снег. Температурите ќе бидат пониски за разлика од изминатите денови и минималните ќе се спуштаат во интервалот од -1 до 5 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 12 степени.

Сабота 08.01.2022: Претежно облачно и постудено со повремени локални врнежи од дожд. На планините врнежите ќе бидат од снег, а повеќе врнежи ќе има во јужните и во југоисточните предели. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурите и понатаму остануваат пониски за разлика од изминатите денови, и минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 1 до 6 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 13 степени.

Недела 09.01.2022: Претежно облачно со слаб до умерен ветер од јужен и од југоисточен правец. Ќе има појава и на повремен локален дожд и снег на планините. Температурите нема многу да се менуваат и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 1 до 8 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 13 степени.