Тридневна временска прогноза (28.05.2022)

Тридневна временска прогноза (28.05.2022)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 28 – 30 мај 2022 година

Сабота 28.05.2022: Променливо облачно и МНОГУ ТОПЛО со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер претежно од јужен и од југозападен правец. Попладне и навечер ќе биде нестабилно, со локлана појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови за појава на НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и со појава на град. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 11 до 17 степени, што значи дека истите ќе бидат без промени, а максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени.

Недела 29.05.2022: Променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има појава на НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град. Минималните температури ќе бидат малку пониски и ќе се спуштаат во интервалот од 9 до 15 степени, а пониски ќе бидат и максималните дневни температури и тоа за неколку степени и ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 31 степен.

Понеделник 30.05.2022:  Сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Попладне ќе има услови за изолиран развој на нестабилна облачност, проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 9 до 15 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 32 степени.