Тридневна временска прогноза (04.02.2022)

Тридневна временска прогноза (04.02.2022)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 04 – 06 февруари 2022 година

Петок 04.02.2022: Сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен и од југозападен правец. Наутро ќе биде МНОГУ СТУДЕНО и минималните температури насекаде ќе се спуштаат под нулата, односно истите ќе се спуштаат во интервалот од -11 до -1 степени. Максималните дневни пак ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 10 степени.

Сабота 05.02.2022:  Сончево и потопло преку ден со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северен и од северозападен правец. Наутро ќе биде студено и минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -6 до -1 степен, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 12 степени.

Недела 06.02.2022: Сончево со мала локална облачност и со слаб ветер од променлив правец. Наутро ќе биде СТУДЕНО со минимални температури кој ќе се спуштаат во интервалот од -6 до 1 степен, додека максималните дневни ќе бидат без поголеми промени и ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 13 степени.