Тридневна временска прогноза (23.04.2021)

Тридневна временска прогноза (23.04.2021)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 23 – 25 април 2021 година

Петок 23.04.2021: Претежно облачно и посвежо со повремени локални врнежи од дожд, на повисоките планини ќе има услови за повремен снег. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 4 до 10 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 18 степени.

Сабота 24.04.2021: Претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено во јужната половина од државава, на повисоките планини ќе има врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 2 до 9 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 15 степени.

Недела 25.04.2021: Сончево со умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 2 до 8 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 21 степен.