Тридневна временска прогноза (06.04.2022)

Тридневна временска прогноза (06.04.2022)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 06 – 08 април 2022 година

Среда 06.04.2022: Сончево и ЗНАЧИТЕЛНО ПОТОПЛО со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од јужен и од југозападен правец. Минималните температури нема многу да се менуваат и ќе се спуштаат во интервалот од 0 до 6 степени, додека максималните дневни ќе бележат тенденција на ЗНАЧИТЕЛЕН ПОРАСТ и ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 20 до степени.

Четврток 07.04.2022: Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југозападен правец, додека попладне локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 4 до 9 степени, што значи дека истите ќе бидат повисоки за разлика од изминатите утрини, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 20 степени.

Петок 08.04.2022: Сончево и ТОПЛО со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец. Ветерот повремено и тоа особено во западните предели ќе засилува на интензитет. Минималните температури остануваат релативно високи и ќе се спуштаат во интервалот од 3 до 9 степени, додека максималните исто така ќе бележат тенденција на понатамошен пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 23 степени.