Тридневна временска прогноза (07.08.2021)

Тридневна временска прогноза (07.08.2021)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 7 август –  9 август 2021 година

Сабота 07.08.2021: Сончево и не премногу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец и истиот Долж Повардарието ќе засилува. Температурите ќе бидат нешто пониски поради продор на нешто посвежа воздушна маса од север. Минималните ќе се спуштаат во интервалот од 11 до 20 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 38 степени. УВ ИНДЕКСОТ ќе има МНОГУ ВИСОКА вредност (коефициент 9).

Недела 08.08.2021: Сончево и повторно МНОГУ ТОПЛО. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурите повторно ќе бележат тенденција на пораст, и тоа поради влијанието на многу топлата воздушна маса од југ (северните предели на Африка). Минималните ќе се спуштаат во интервалот од 14 до 21 степен, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 33 до 40 степени. УВ ИНДЕКСОТ ќе има МНОГУ ВИСОКА вредност (коефициент 9).

Понеделник 09.08.2021: Сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала до умерена локална облачност, особено попладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец и истиот повремено ќе засилува на интензитет. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 16 до 21 степен, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 33 до 41 степен. УВ ИНДЕКСОТ ќе има МНОГУ ВИСОКА вредност (коефициент 8).