Тридневна временска прогноза (07.02.2022)

Тридневна временска прогноза (07.02.2022)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 07 – 09 февруари 2022 година

Понеделник 07.02.2022: Под влијание на влажен воздушен бран, полека од запад ќе започнат да се прошируваат врнежи од дожд, додека на планините врнежите ќе бидат од снег каде снежната покривка и понатаму ќе се зголемува. Најпрвин ќе дува слаб до умерен, а во западните предели повремено засилен ветер, и тоа во западните предели од југозападен, додека во останатите предели од југоисточен правец. Доцна попладне и навечер, како и во текот на ноќта кон вторник ќе дува засилен до СИЛЕН ветер од северен правец, и истиот ќе услови нагло заладување на времето со што врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег и на пониските места.  Овие нови врнежи од снег ќе условат нова снежна покривка и на пониските места, особено и поголема во западните предели. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 3 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 13 степени. Доцна попладне и навечер температурата ќе започне брзо да опаѓа.

Вторник 08.02.2022: Променливо облачно и СТУДЕНО со локално провејување на снег, особено во планинските региони. Ќе дува засилен до СИЛЕН ветер од северен правец кој ќе услови позначителен пад на температурите на воздухот. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -5 до 4 степени, додека во планинските региони во западните предели температурите ќе се спуштат до околу -10 степени. Максималните дневни пак ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 7 степени, додека во најтоплите крајни југоисточни предели од државава температурите ќе се искачат до околу 10 степени.

Среда 09.02.2022: Променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен, а Долж Повардарието засилен ветер од северозападен правец. Во северните планински предели ќе има услови за локално провејување на снег. Минималните температури ќе бидат МНОГУ НИСКИ и ќе се спуштаат во интервалот од -10 до 0 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 14 степени.