Тридневна временска прогноза (25.03.2022)

Тридневна временска прогноза (25.03.2022)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 25 – 27 март 2022 година

Петок 25.03.2022: Сончево и ТОПЛО преку ден. Особено Долж Повардарието и во источните предели ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец.  Наутро температурите сеуште понекаде ќе се спуштаат под нулата, односно истите ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 5 степени, додека максималните ќе бидат навистина ПРОЛЕТНИ и ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 23 степени.

Сабота 26.03.2022: Сончево и ТОПЛО со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималните температури ќе бидат значително повисоки и ќе се спуштаат во интервалот од -1 до 7 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 22 степен.

Недела 27.03.2022: Сончево и ТОПЛО со мала, а во текот на денот повремено и позначителна облачност. Во текот на ноќта ќе има услови за локални врнежи од дожд, а ќе дува и слаб ветер од променлив правец. Температурите ќе бидат навистина ПРОЛЕТЕНИ и тоа дневните, додека минималните ќе се спуштаат во интервалот од 0 до 8 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 22 степени.