Тридневна временска прогноза (04.10.2021)

Тридневна временска прогноза (04.10.2021)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 4  – 6 октомври 2021 година

Понеделник 04.10.2021: Сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од променлив правец. Наутро ќе биде СТУДЕНО со минимални температури кој ќе се спуштаат во интервалот од 0 до 7 степени, додека преку денот ќе биде РЕЛАТИВНО ТОПЛО со температури кој ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 25 степени.

Вторник 05.10.2021: Сончево и РЕЛАТИВНО ТОПЛО преку ден со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Ветерот Долж Повардарието ќе засилува на интензитет. Наутро сепак ќе биде СТУДЕНО со минимални температури кој ќе се спуштаат во интервалот од 1 до 8 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 25 степени.

Среда 06.10.2021: Променливо облачно и ПОСВЕЖО со слаб до умерен, а Долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта од запад ќе се прошират врнежи од дожд. Наутро температурите ќе бидат повисоки и тоа поради зголемувањето на облачноста и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 4 до 12 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 21 степен.