Тридневна временска прогноза (31.05.2021)

Тридневна временска прогноза (31.05.2021)

Тридневна временска прогноза за Македонија,  31 април – 2 јуни 2021 година

Понеделник 31.05.2021: Променливо облачно со повремен локален дожд, особено во западните предели. Ќе има услови и за ретка појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од северозападен правец  кој Долж Повардарието ќе засилува. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 6 до 13 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 25 степени.

Вторник 01.06.2021: Променливо облачно со сончеви периоди и со повремен локален дожд, особено попладне кога ќе има услови за ретка појава на грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 4 до 13 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 24 степени.

 

Среда 02.06.2021: Сончево со умерена локална облачност. Особено Долж Повардарието ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 3 до 12 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 25 степени. Во најтоплите предели истите се очекува да се искачат до околу 27 степени.