Тридневна временска прогноза (11.02.2022)

Тридневна временска прогноза (11.02.2022)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 11 - 13 февруари 2022 година

Петок 11.02.2022: Сончево и релативно топло преку ден со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од променлив правец. Наутро ќе биде релативно студено со минимални температури кој на повеќе места ќе се спуштаат малку под нулата, односно истите ќе се спуштаат во интервалот од -4 до 3 степени. Максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 16 степени.

Сабота 12.02.2022: Умерено до значително облачно со слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец, кој Долж Повардарието ќе засилува на интензитет. Во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има услови за слаби локални врнежи од дожд и снег на планините. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -2 до 4 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 16 степени, што значи дека истите ќе бидат без поголеми промени.

Недела 13.02.2022: Променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен и од југоисточен правец. Ќе има услови и за слаб локален дожд, особено попладне и навечер. Минималните температури ќе бидат значително повисоки и тоа поради облачноста и ќе се спуштаат во интервалот од 0 до 7 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 14 степени.