Тридневна временска прогноза (02.02.2022)

Тридневна временска прогноза (02.02.2022)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 02 – 04 јануари 2022 година

Среда 02.02.2022: Променливо облачно и СТУДЕНО со умерен, а Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. Локално, и тоа особено во јужните и во југоисточните предели ќе има услови за послаби врнежи претежно од снег. Минималните температури на повеќе места ќе бидат под нулата и ќе се спуштаат во интервалот од -7 до 1 степен, додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 8 степени.

Четврток 03.02.2022: Променливо облачно и СТУДЕНО со сончеви периоди и со засилен ветер од северен правец. Локално ќе има услови за провејување на снег. Минималните температури речиси насекаде ќе бидат негативни и ќе се спуштаат во интервалот од -10 до 0 степени, додека на крајниот југоисток истите се очекува да останат позитивни. Максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 9 степени.

Петок 04.02.2022: Сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од јужен и од југозападен правец. Наутро ќе биде МНОГУ СТУДЕНО и минималните температури насекаде ќе се спуштаат под нулата, односно истите ќе се спуштаат во интервалот од -11 до -2 степени. Максималните дневни пак ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 10 степени.