Тридневна временска прогноза (06.01.2022)

Тридневна временска прогноза (06.01.2022)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 06 – 08 јануари 2021 година

Четврток 06.01.2022: Променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од југозападен правец. Кон крајот на денот и во вечерните часови Долж Повардарието ќе дува умерен ветер од северен правец, и истиот повремено ќе засилува на интензитет. Кон крајот на денов и тоа особено во западните предели ќе има услови за локален дожд со послаб интензитет, додека на планините ќе провејува снег. Температурите и понатаму ќе бидат натпросечно високи и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 1 до 6 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 16 степени.

Петок 07.01.2022: Претежно облачно со слаб до умерен ветер од променлив правец. Особено кон крајот на денот и навечер со повремени локални врнежи од дожд.  На планините ќе има врнежи од снег. Температурите ќе бидат пониски за разлика од изминатите денови и минималните ќе се спуштаат во интервалот од -1 до 5 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 12 степени.

Сабота 08.01.2022: Претежно облачно и постудено со повремени локални врнежи од дожд. На планините врнежите ќе бидат од снег, а повеќе врнежи ќе има во јужните и во југоисточните предели. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурите и понатаму остануваат пониски за разлика од изминатите денови, и минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 1 до 6 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 12 степени.