Тридневна временска прогноза (05.05.2021)

Тридневна временска прогноза (05.05.2021)

Тридневна временска прогноза за Македонија,  05 – 07 мај 2021 година

Среда 05.05.2021: Сончево со умерена локална облачност. Попладне локално ќе има нешто повеќе облачност а ќе дува и умерен ветер од јужен правец, кој особено на запад повремено ќе засилува.  Ќе има услови и за локален краткотраен дожд проследен со ретки грмежи. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 3 до 11 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 26 степени.

 

Четврток 06.05.2021: Сончево со умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 6 до 13 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 30 степени.

Петок 07.05.2021: Умерено, на некои места и значително облачно. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.  Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 7 до 14 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 27 степени.