Тридневна временска прогноза (05.06.2021)

Тридневна временска прогноза (05.06.2021)

Тридневна временска прогноза за Македонија,  5 – 7 јуни 2021 година

Сабота 05.06.2021: Сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 4 до 11 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 30 степени.

Недела 06.06.2021: Сончево со мала до умерена локална облачност. Попладне локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 6 до 14 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 30 степени.

Понеделник 07.06.2021: Променливо облачно, локално нестабилно и тоа особено попладне и навечер кога ќе има појава на пороен дожд, грмежи, засилен ветер а има услови и за локална појава на град. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 9 до 15 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 29 степени.