Тридневна временска прогноза (22.06.2021)

Тридневна временска прогноза (22.06.2021)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 22 – 24 јуни 2021 година

Вторник 22.06.2021: Сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала локална облачност. Попладне локално и тоа особено во планинските региони ќе има услови за развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на град. Температурите ќе бележат тенденција на понатамошен пораст и тоа поради влијанието на многу топлата воздушна маса од југ (северните предели на Африка).Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 12 до 19 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 38 степени. УВ ИНДЕКСОТ ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност ( коефициент од 10 до 11).

Среда 23.06.2021: Сончево и МНОГУ ТОПЛО. Попладне ќе има услови за изолиран развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на град. Температурите и понатаму ќе продолжат да растат со што минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 14 до 21 степен, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 31 до 40 степени. УВ ИНДЕКСОТ ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност ( коефициент од 10 до 11).

Четврток 24.06.2021: Сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и од северозападен правец, особено изразен Долж Повардарието и во источните предели. Температурите на воздухот и понатаму ќе бележат тенденција на пораст и тоа поради понатамошен продор на МНОГУ ТОПЛАТА воздушна маса од југ (северните предели на Африка). Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 14 до 22 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 34 до 43 степени.