Тридневна временска прогноза (22.10.2021)

Тридневна временска прогноза (22.10.2021)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 22  – 24 октомври 2021 година

Петок 22.10.2021: Сончево и релативно топло со мала локална облачност. Во текот на денот облачноста полека ќе се зголемува и во западните предели ќе има услови за сосема слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец. Температурите остануваат релативно високи и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 4 до 9 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 22 степен.

Сабота 23.10.2021: Променливо облачно. Попладне со повремен локален дожд и со слаб до умерен ветер од југозападен правец, особено изразен во западните предели.  Температурите и понатаму остануваат релативно високи, и тоа поради влијанието на топлата воздушна маса од југ. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 6 до 11 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 23 степени.

Недела 24.10.2021: Променливо облачно и постудено со услови за повремен локален слаб дожд. Ќе дува умерен, повремено на некои места засилен ветер од северен и од североисточен правец. Температурите ќе бележат тенденција на пад, и тоа поради влијанието на постудената воздушна маса од север. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 4 до 10 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 18 степени.