Тридневна временска прогноза (21.10.2021)

Тридневна временска прогноза (21.10.2021)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 21  – 23 октомври 2021 година

Четврток 21.10.2021: Сончево и топло со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер, и тоа во западните предели од југозападен, додека во останатите предели од јужен и од југоисточен правец. Сепак локално ќе  има и нешто позначителна облачност.  Температурите остануваат релативно високи, и тоа поради влијанието на топлата воздушна маса од југ, и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 4 до 12 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 22 степени.

Петок 22.10.2021: Сончево и релативно топло со мала локална облачност. Во текот на денот облачноста полека ќе се зголемува и во западните предели ќе има услови за сосема слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец. Температурите остануваат релативно високи и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 4 до 9 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 22 степен.

Сабота 23.10.2021: Променливо облачно. Попладне со повремен локален дожд и со слаб до умерен ветер од југозападен правец, особено изразен во западните предели.  Температурите и понатаму остануваат релативно високи, и тоа поради влијанието на топлата воздушна маса од југ. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 6 до 11 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 22 степени.