Тридневна временска прогноза (03.09.2021)

Тридневна временска прогноза (03.09.2021)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 3 – 5 септември 2021 година

Петок 03.09.2021: Сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурите остануваат пониски, особено наутро и тоа поради влијанието на свежата воздушна маса од север. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 4 до 15 степени во најтоплите предели, додека максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 30 степени. УВ ИНДЕКСОТ ќе има ВИСОКА вредност (коефициент 7).

Сабота 04.09.2021: Сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Попладне ќе има услови за ретка појава на краткотраен дожд. Температурите и понатаму нема многу да се менуваат, па така минималните ќе се спуштаат во интервалот од 6 до 15 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 30 степени. УВ ИНДЕКСОТ ќе има ВИСОКА вредност (коефициент 7).

Недела 05.09.2021: Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса времето ќе биде променливо облачно и нестабилно на повеќе места со пороен дожд и локална појава на грмежи, како и со засилување на ветерот.  Локално се можни ПОИНТЕНЗИВНИ атмосферски процеси и застапени во форма на НЕВРЕМЕ.  Температурите ќе бидат уште пониски за разлика од изминатите денови и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 7 до 17 степени во најтоплите предели, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 28 степени. Вредноста на УВ ИНДЕКСОТ ќе биде НИСКА.